зелен (прид.) - површина (имн.)

Низ зелените површини во градот пасат кози и овци, а има и кучиња - скитници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Четврто: На градот да му се врати загубеното зеленило, а зелените површини да не бидат места за паркирање на возилата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова што ќе ви го речам добро да го запаметите: површинава што ви го труе детството - ѓубриштето Вардариште - во време од четириесет години не ќе може да се користи за ништо друго освен како зелена површина.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Денес, на секој софијанец се паѓаат по 9 квм. зелена површина...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И понатаму - Градот плива во смет: валкани улици на кои се пластат слоеви од прав, фонтани што се претворени во кошници за отпадоци, зелени површини на кои од паднатото лисје и разновидните отпадоци зеленилото воопшто не се забележува, руинирани контејнери околу кои се таложи сметот, хаварисани возила - оставени како старо железо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога очите се сини или зелени, тие ја отликуваат планетата Земја. (Кога таа е во ден, кога сите нејзини бои се сини од океаните или зелени од зелените површини, кога ги меша боите, преоѓајќи една во друга, исто како водата во морињата пред одблесокот на сончевите зраци.) Кога очите се кафеаво-зеленикави, тие ја отсликуваат планетата Земја кога таа е на преодот помеѓу денот и ноќта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)