зелен (прид.) - падина (имн.)

Китна и убава е Осогово Планина. Особено во пролет, кога ќе се искитат со зеленило убавите стрмни зелени падини.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- се носеше нејзиниот глас и се губеше некаде низ зелените падини на китниот и убав Пелистер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа ноќ кон Битола се приближуваше крупна, црна сенка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тука ќе го најдеш Гоце Делчев војвода!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По падините се зеленее сочна и мека трева.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зелените падини на Витоша. Топлината на сините мориња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонцето кое паѓаше веќе кон запад, ни биеше в очи и зелените падини од планината наспроти ги гледавме само како темни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Свртени со грбот кон водата, гледавме во зелените падини на планината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Иако создадено според според замислата и трудот на човекот, Мавровското Езеро е уште еден планински бисер, во него како во огледало се рефлектираат зелените падини и планински врвови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе од половината селото беше растурено и сместено по кошарите, кои беа раштркани по зелените падини на Караорман.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Излегоа на падината над Пишишки Камен. На зелената падина, под високите буки, на тревата лежеа и си починуваа многу партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)