зелен (прид.) - луѓе (имн.)

Не знаев - врз моите зелени соништа со зелени луѓе и зелени сенки паѓаше зелена магла: беше погуста од сите магли на една треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се детска надеж погледнав во него и прашав за зелените луѓе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)