зелен (прид.) - лист (имн.)

Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Капките паѓаат врз тревата и зелените лисја на Јановото цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сончевите зраци продираа низ гранките од сливата, го наоѓаа својот пат меѓу зелените листиња и жолтите сливи и ме милуваа со сета своја топлина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се случувало праските да пуштат чудни, призрачни, некако проѕирно зелени ливчиња во декември, напролет да се исушат, без цут.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во едно канче тури вода, а потоа од живата ограда искина грст зелени ливчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги издроби на мали парченца и потоа ги потопи во канчето со вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вода им даваше во чаши од тенко стакло, целите однадвор изнашарени со зелени лисје и црвени цветови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Фрлив око на една подебела гранка, со бујни, зелени лисја.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нашето враќање во кутијата на денот Е враќање на гасеницата на зелениот лист.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Алчниот не треба многу да го наговараш да го грабне туѓото; остави ја гасеницата да ја води гладот по зелениот лист па ќе видиш што ќе остане од него!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)