зелен (прид.) - ливада (имн.)

Таму каде што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку матните облаци и да се обнови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зелените ливади зад кои се протегаа шуми беа од трите страни на селото, а од четвртата високо кон небо се издигаа големи карпи и цело едно брдо без никаква вегетација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еднаш јас ќе дојдам до последното оружје, полковникот ќе ја донесе актовката со шифри, знам дека ќе може, и тогаш светот ќе сфати дека ние сме богови, кои посакаа повторно да останат сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Застаната на прозорецот од таа соба, гледав во зелените ливади, сакав да го сочувам тој момент, таа глетка да остане засекогаш во моите мисли.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зелени ливади и дрвена штаерска куќа со црвен покрив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Среде Азот зелена ливада, у ливада две танки тополи, под тополи зелена прнара под прнара млада војска седи, млада војска, војска македонска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Таму, во тишината на зелените ливади и огромните лозја, сите станавме генерали и го знаевме решението на секоја загубена битка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нешто му се фалотевме на полжавот – ќе го столчиме ако не пушти рогови и тоа со секира по глава во зелена ливада. (бре, бре што јунаци бевме спроти полжавот – не лижевме лижавчиња, бркавме полжавчиња) Отпосле, кога полжавот ќе пуштеше рогови, ни велеа дека покажува лажна храброст и сила.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Коњчето остана да пасе на зелената ливада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стоеше, гледајќи го низ полето Големиот Ѕид, мирниот град, зелените ливади, реките и потоците. Воздивна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)