Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Понекогаш на луѓето им изгледаше како да е зелен; го загледуваа да видат од кај му иде бојата: од тревата и зелените крошни на дрвјата или тој така доаѓаше обоен; некогаш им изгледаше темен, црн, особено кога слегуваше од брегот врвејќи преку дувалото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)