зелен (прид.) - кошула (имн.)

Тие беа во меки чизми, црвени бечви, зелени кошули и елеци, а преку рамо со црни везени џамадани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Темно зелените кошули ги закопчаа до последната петлица, така налагаа гардиските правила.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Инаку во својата извидничка чета (или пак тоа се викаше одред?) беше хит ако имаше некоја second hand ЈНА зелена кошула.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На зајдисонце, ете ти го Брчалото, сега во отровно зелена кошула, пак светликава наспроти зајдисонцето, разградена до над папокот, со ракавите запрегнати и со златниот ѓердан на вратот, ѓерданот на којшто висеше американскиот орел со разлатно раширени крилја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)