зелен (прид.) - долина (имн.)

Од тој род сум и јас и мојата сестра на која, кога наполни 14 години, на челото ѝ се појави црвена дамка, и почна да пее чудни песни низ кои, оние што ја слушаа, гледаа зелени долини, високи планини, чудни храмови и зданија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гледај! И гледаа. Зелена долина змиулесто пресечена со бистро поточе, обрабена по ридовите со високи букови шуми, ишарана со ливади, жолти стрништа, овоштарници, зелени компиришта, папрат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога дојде тогаш во ателјето, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкаво стебла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Глас Далеч од баштина, далеч од роднини, Не в чужда за мене земја, В полјани китнести, зелени долини, Самичак в планина шетам ја.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Кога дојде тогаш во ателје, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкави стебла.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)