зелен (прид.) - гранка (имн.)

И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мртвите во една јама. Тивко и брзо. Без поп и без камбани. Врз јамата зелени гранки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја покри и врз купчето една по една ги стави зелените гранки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долг ѕид од потсушени и зелени гранки. Под нив бодликава жица. На неа налетуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шеташе Богдан со очите по неговата корона и попусто му бараше зелена гранка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лесно ветренце скиташе, се провираше низ разлистените грмушки, се плетеше низ зелените гранки на буките, ги собираше миризбите од сите планински цвеќиња, ги здружуваше и правеше невидена убавина од воздух, што градите го вдишуваа без наситка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една, војна, друга војна, Србија доби автономија, Црна Гора доби автономија, Романија доби автономија, Бугарија доби независност, ние останавме на зелена гранка, со клетвата Адамова врз главата!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сонцето срамежливо се вовлече низ зелените гранки, милувајќи им ги лицата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)