зелен (прид.) - боја (имн.)

— Чорапи со искинати стапала издутна — овде: роди издргнала — пораснала изим — дозвола, одобрение излегло — бачилото излегло, го дале овците млекото што требало да го дадат ила — 1) само и само, 2) но измет — 1) услуга, 2) работа во куќата исквака — одгледа дете, пиле испрдопашен — без надзор — слободен истеристемес — сакашнеќеш јад — овде: многу зелена боја јажичка — од 'ржање плетено јаже 1) за рогузина, 2) за врзување снопје јалов — 1) несигурен во работата, 2) безплоден јаловар — овчар што ги пасе јаловите овци, брави, шилежиња јаловица — жена без деца, 2) овца, коза бесплодна јурнек — образец јаток — уток за ткаење ка — како кабули — сака, колку му сака душа, колку милува доброволно да даде калезмо — предмет со кој се канат гости (јаболка, погача, карта со вино) калец — волнени нараквици без прсти калкан — ѕид до ѕид надворешната страна калнокапец — земјоделец, работник тежок капица — стогови снопје, сено караџо — име на црн вол карма — дрва наредени каршилак — одговор на прашање кастиле — нарочно кат — дел од куќата од двете страни на огништето квачката — седумте ѕвезди кило — мера за жито, 100 оки кист — предето за кистење саѓии, унечки, гунки кистен — китен клови — растението 'рти клада — пресечено или паднато дрво без гранки клашни — врста дебел шајак клинкач — сводник, стројник по невеста кловен — из'ртен клопка — дрво врзано на вратот на свиња да не бега од свињарот дома коа — 1) кога; како, 2) време през девоноќието козинавец — покров од козина коловар — планинска мирислива трева колџија — шумар, чувар на нешто државно конак — 1) преноќиште за војска, 2) куќа висока, беговска конушма — врска кончарка — штичка на која девојчињата ги виткаат конците за везење копита — назив на кошула на која има навезени коњски копита кос-коџа — дури коте — дете (на галеб) котелец — примка на плетен предмет — чорап, калец, фанела итн. коцле — плетенки ситно плетени собрани во една плетенка коцел — предена кои се надоплетуваат на косата на невестата кочан — дозвола, извозница за штици, дрва, катран, 2) кочан царевка коџа — многу, баеги красте — потценување на човек — крастав е тој и тој кременарка — пушка со кремен крешник — окрајка од погача, леб, сомун
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вчера вечерта со зелена боја врз плочникот пред влезот во ресторанот „Елдорадо” напиша: Urbano Festo Neisto.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И гледам како зелената боја се сталожи и како да скипнува врз беспределниот простор во кој се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве зелената боја се повеќе кипне и ме напушта веројатно оставајќи ме во онаа ни црна ни бела светлина, во онаа студена сива челичност што не може да се избегне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме обзеде таа зелена боја проблеснувајќи како кога прегорува светилка, ме заслепе и црвената остана да ми биде бледо сеќавање по кое желнеам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој го сакаше гуштерот затоа што имаше светлозелена боја на грбот, додека странично зелената боја преминуваше во темнозлатеста, а кон стомакот во портокалова, а потоа во крем.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во која група на сообракајни знаци спаѓа она „СТОП“, во зелена боја, а го читаш во туѓите очи додека се бараш во нив за да се огледаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оној другион се мени во зелена боја. И се смалува, се смалува и тој е веќе една обична блатска жаба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Папратот почна да ја отфрла својата темно зелена боја, овошките покрај потокот се прошараа со жолти лисја, но највидливо беше присуството на есента во шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Клупите беа мазни и студени и одамна еднаш премачкани со зелена боја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Освен трнливи ниски растенија и по некоја тревка меѓу белите камења испукани од сонцето и кои повремено ги мијат дождовите, нема ништо што би давало малку зелена боја.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Плодовите ѝ окрупнеа, зелената боја врз сјајот на плодовите поджолтуваше и руменилото на страните од дивјачките свртени кон сонцето поцрвенуваа како да се вгоруваат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеш да го насликаш со зелена боја и многу сонце а кога ќе поверуваш дека си го натокмил со сите сличности и дека си го сместил токму онаму каде што припаѓа ќе затрепери неговата набрекната белузлава гуша а главата невешто ќе се искриви голтајќи го лакомо златестиот меур сончевина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стоев пред некои грди порти, но, кога подобро погледнав, видов дека не се природни или со зелена боја туку дека се претвораат во будистички храм, хиндуистички столб или мароканска таваница, златните кули се формираа како да ја следев раката на дизајнерот при неговата работа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кракатау: Палп Фикшн: фина зелена боја што продира во сите зрнца на тој филм; плус многу интересна временска структура од седум, осум испомешани сегменти, за разлика - или дури слично - на Милчо...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Полето имаше изразито зелена боја што се преливаше во разни нијанси што идеа од насадите на нивјето: пченица, 'рж, пченка, детелина, трева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)