зелен (прид.) - блок (имн.)

Сепак, му успеа ракописот да го заврши некаде во првата третина од последната страница на зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На сивата корица, исто како и на неговиот зелен блок, стоеше насловот „Продавница за љубопитните“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога авторот ја внесуваше завршната верзија во својот зелен блок, просто го копкаше да скршне и да се зараскажува за своите битолски перјани доживувања во собите прекриени со чисти, препрани и преистресени черги, бели чаршави, наштиркани миљеа и завеси во кои толку совршено мирисаше на чисто, нарушено единствено од опојниот мирис на телото на обљубената, но тој тоа не си го допушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе се чувствуваше опуштено што на својата работа ѝ го гледа крајот и го охрабруваше тоа што, најверојатно, зелениот блок ќе биде испишан до последната страница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така тогаш авторот замина од Битола презадоволен и нестрплив да се најде дома, на својата работна маса каде што, нужно прераскажан и редактиран, ќе го внесе во својот зелен блок записникот што го доби од Паца. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште кога тој блокот го купи во Атина, тоа му беше првата мисла на којашто ѝ стана заробеник: Ако успее да го изнапише сите непарни страници на зелениот блок, ракописот ќе биде добар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Негова желба е прикаската цела да се излее во зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најзадоволен ќе е ако прикаската се исцеди некаде на половината од последната страница од зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)