здрав (прид.) - човек (имн.)

Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кај што има куче има и здрав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На поздравот од Шаќира сите одговорија со „добровечер, добредошол", а Шаќир се запати кон Толета и срдечно се поздрави, стискајќи му ја подадената рака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Појавата на Шаќира го тргна од мислите и работата и се изненади, но веднаш разбра дека не ќе биде предаден, бидејќи со него дојде и Стојче, кого Толе го познаваше како здрав човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)