здрав (прид.) - храна (имн.)

Ги заменив со нешто што ми го дозволуваа животните услови, а сепак беше квалитетно, на пример јадев здрава храна во поприродна и необработена форма.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Потоа погледна зад себе и стори чекор назад.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Или веќе мислиш дека знаеш оти спомените не се здрава храна? - рече таа но овој пат беше свртена кон Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А да не ја спомнувам и вредноста на здравата храна! А омразата е најмалку тоа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во раните седумдесетти ја составил „Алтернативен Лондон“, книга-водич со информации за сквотирање, алтернативна политика и слично, која по бавниот почеток постигнала огромен успех.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега тој води ДТП студио и има акции во кафуле за здрава храна).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога се изморил од тоа, влегол во бизнисот со здрава храна, отворајќи 11 различни (и многу успешни) деловни единици на Ковент Гарден (повеќето од нив сè уште работат, иако со тек на време се оддалечиле од Сандерс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)