здрав (прид.) - рака (имн.)

XLVI Го зедов листот хартија од Татковата здрава рака која почна да трепери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа испружи здрава рака, го фати за рамо и го стресе. Викна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што, при здрави раце сакат да бидам, нели? Е, тоа не може!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја подаде кон него здравата рака и тој ѝ помогна да стане.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога видоа дека се беспомошни се повлекоа од врвицата, загазија во сувата трева и молкнаа, можеби читајќи му во себе на непознатиот оченаш. „Го гледаш ли ова?“ Отец Симеон му ја покажа здравата рака на која беше истетовирано срце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И за да не ги забуца до корен сите пет вретена на здравата рака во нејзиното месо. „Јано“, болно му се кинеше грлото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)