збрчкан (прид.) - рака (имн.)

Старецот му ја подаде својата збрчкана рака, вечејќи го кон себе. -Не гази таму!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие ѝ светнаа во нејзината костелива, збрчкана рака, која трепереше како исушен лист, готов при најмал ветар да падне од гранката. Колениците ѝ се поткинаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Погледни ја мојата свилена кожа, раката како да те допира нежно без да те повреди! – рече старецот, допирајќи го Еразмо со грдите збрчкани раце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Дојде внучке, а? - мило рече дедо Димо и ја стави својата збрчкана рака врз нежното рамо на девојчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се држеше доста добро и сѐ нешто чепкаше работејќи по нешто со својте збрчкани раце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)