заштитен (прид.) - средство (имн.)

ЗИТ (1997) дури и децидно пропишува дека нивното отсуство не може да биде пречка за вршење на инспекциски надзор (чл. 10, ЗИТ/97). 142 Останаа непроменети одредбите според кои работодавецот е должен на инспекторот да му овозможи непречено вршење на надзорот и на негово барање да му даде односно да му достави на определено место и во определено време, списи, акти, информации и други пода- тоци потребни за вршење на инспекцискиот надзор (чл. 11, ЗИТ/85 и чл. 10, ЗИТ/97), правото на инспекторот на непречен пристап до сите работни простории и работни места и правото на увид во сите делови на техничко-технолошкиот процес на трудот, на средствата за работа, на заштитните средства и опрема, на условите за работа, на деловните книги, исправите, договорите и другите документи и акти на работодавецот (чл. 13, ЗИТ/85 и чл. 11, ЗИТ/97), како и неговото право да прибира информации и да зема изјави од работници (чл. 13, ЗИТ/85 и чл. 11, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)