заштитен (прид.) - работилница (имн.)

Една од работите која беше новост во ЗТПОК беше вклучувањето на одредба со која им се даваше можност на претпријатијата што вршат стопанска дејност заради професионално оспособување и вра- ботување на инвалидизирани лица, претпријатијата за вработување на инвалиди, како и деловите на претпријатијата организирани како заштитни работилници, да пристапат кон трансформација на начи- нот и под условите пропишани со овој закон само доколку со договор склучен со Агенцијата за трансформација на претпријатијата со оп- штествен капитал се обврзат дека ќе обезбедат остварување на права- та на вработување и по основ на работа на лицата вработени во нив пред влегувањето во сила на овој закон (чл. 5, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работникот Маринко Величковски од Скопје (сега 52-годи- шен) беше вработен со договор за работа на неопределено време во државната фабрика од хемиско-индустрискиот сектор – АД „Охис“ – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Величковски порано работеше во погонот за про- изводство на малон влакно (вештачко влакно, што по неговото производство се користи во текстилната индустрија), а подоцна е префрлен во заштитната работилница „Охис Филком“ ДООЕЛ кадешто имаше класична превработеност – имено, од околу 250 вработени, имаше ефективна работа само за едвај околу стоти- на.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)