заштитен (прид.) - друштво (имн.)

Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во спротивно, друштвото нема да стекне статус на заштитно друштво и наредните пет години нема 108 да може да работи како заштитно друштво.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, во случајот кога се губи статусот заштитно друштво поради тоа што во период над 90 дена не се исполнуваат пропишаните услови, забраната за работа како заштитно друштво е продолжена од три на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промени има и кај одредбите кои се однесуваат на заштитните друштва и со кои дополнително се усложнува работата на заштитните друштва.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако, пак, наведениот период е над 90 дена, тогаш друштвото го губи статусот заштитно друштво и наредните три години не може да работи како заштитно друштво.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во јули 2005 беше пропишано дека новооснованото заштитно друштво е должно во периодот од 90 дена да ги вработи сите работници сметано од денот на првото вработување на работник на неопределено време во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако заштитното друштво не ги исполнува пре- двидените услови за поседување на тој статус во период до 90 дена, пропишано е дека нема да го загуби овој статус, но, при тоа не смее повеќе од три пати во последователни две години да го наруши минималниот процент на инвалидни лица или да падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Построжени се и одредбите што се однесуваат на заштитните друштва, при што, меѓу другото, е повишен минимумот за формирање на заштитно друштво од 5 на 10 инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)