затворен (прид.) - од (предл.)

ПАНАЈОТИС: Затворен од Турците? Сега на служба кај нив! Да, јасно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мојата уста е затворена од неговата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаменитост несомнено претставува стоковната куќа изградена од алуминиум, која е затворена од сите страни а прашањето на светлината е решено многу успешно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)