затворен (прид.) - уста (имн.)

Момченцето имаше опит со мене. Смеата му помина во грч, во олцкање низ затворена уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Молчи си, Велико! Во затворена уста мува не влегува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш те љубев со затворена уста... те гледав со затворени очи... толку силно, толку темно... но доволно за да не те загубам во мракот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Се гледа дека се однесуваш како вистински професионалец, - рече без да ја отвора устата. (Сите тие помеѓу себе се разбираа со затворени усти).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се врти кон пенџерето откај што наѕира лозницата. И со затворена уста се поднасмевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)