После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него. He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока затворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Застаната пред затворената порта, со патерицата сѐ уште под левата мишка, ги потокми трите прста од десната рака и, носејќи ги кон челото, ја крена главата упатувајќи го погледот кон небото по што се прекрсти.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Луѓето, од страв од Туците, да не биде грабната невестата а момчето убиено, и во склоп со морални обичаи, наметнати од стравот, се мажеле и се женеле невидени, со стројници, зад затворени порти, на штрек и вооружени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сличен е неговиот настап како и утринава, си личат зборовите еден на друг како и плодовите, да ги спомниме на пример црешите, а притоа доктор Пачев не заборава да ја изрази и дилемата во вид на отворено прашање: Како може да се исчезне при волку високи ѕидови и затворена порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)