Доаѓаа абери, преку с уште затворената граница, за исчезнувањето на нејзини блиски, најблиски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Прав си, нема поголема несреќа од затворените граници, од изолацијата во која се најдовме!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некогашната полиглосија на Балканот станува нова реалност со отворање на херметички затворените граници на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еден ден и херметички затворените граници на Балканот по повеќе од половина век ќе се отворат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А.А., лесно запаѓаше во реторична патетика, заборавајќи дека пред себе нема поворки ученици, селани, работници, задругари и други, многумина на атеистичко крштевање, туку луѓе, сонародници, дојдени од другата страна на затворената граница, со ,,застранета идеологија, обични ревизионисти на идеите на марксизмот-ленинизмот”.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во патувањето ја гледав својата родна земја окована во стотиците илјади бункери, херметички затворените граници, жртва на својата изолација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ден потоа беа затворени границите, а секој кој сакаше да ја напушти Австрија, мораше да се обрати до тукушто отворениот Центар за издавање на излезни визи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целта е постигната: и покрај затворената граница со јужниот сосед, неповолната дневна политика, немаше ниту едно негативно искажување, туку со пријателски подадена рака, заеднички да се изнајдат решенија за заштита на ова бисерно езеро, пресечено со граници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Си правеше семожни комбинации во мислите како да дојде до некаков излез од заробеното време со затворени граници?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На малото островце, среде реката, слетаа галеби, кои ја беа прелетале јужната, затворена граница.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во времето со затворени граници на Балканот, беше можеби и потешко и од војна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако биде и тоа можно, ќе се најдат јагулите во безизлезен лавиринт, како што ќе бидат и луѓето во земјите со затворени граници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се сеќавам добро тогаш и ја запали последната свеќа на Манастирот Свети Наум, упатувајќи поглед до крајбрежното родно гратче, преку тогаш херметично затворената граница, макар невидлива во водената езерска површина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И со поширокото семејство, од земјата од која избегавме, поради затворената граница, комунициравме со телеграми- некролози кои, главно, објавуваа нечија смрт, на едната или на другата страна од границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)