Покрај тоа, воведени беа уште две новини во врска со овој надоместок: прво, негови корисници не се сите осигуреници кај кои постои преостаната работна способност, туку само инвалидите на трудот кои стекнале право на професионална рехабилитација; и второ, воведен е и максимален рок на исплата на овој надоместок од 12 месеца од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација и тоа под услов во рок од 30 дена од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација засегнатите лица да се пријават во надлежната служба за вработување и редовно да се пријавуваат во таа служба во согласност со прописите за вработување (чл. 17 и 19, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)