Нејзините запалени очи гледаа во Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Наближува Второто пришествие, зборуваше „Сцетијата“ со запалени очи, прекорно, со раце кренати кон Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но не умре кога се сретна со двете запалени очи во мракот. Застана.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сум човек потпрен на бела перница гледаше во мене со запалени очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)