западен (прид.) - ѕид (имн.)

На вратата на трлото кое зедно со сите добиточни згради се најдува на западната страна на Имотот, то ест кое заедно со сите добиточни згради го сочинува западниот ѕид на Имотот и кое како што се тие поредени една до друга се најдува прво до Западната порта, со запалена вивка в раце ги пречекува Лазор Перуноски, Вели Шест се објагнија и ниту една засега немаме изјаловена и низ овците (дени стојат и ги дојат јагнината, други лежат свиткани набере обрачи и имајќи ги свиткани и вратовите муцките ги имаат положени на предните плешки, а очите, темномодри, им светат во темницата) и преку средината ги одведува на другиот крај на трлото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Погаништилак и празни верувања, си мисли, но оти сè е безнадежно и оти и ноќва е трудна со неизвесности, и тој е озбемен од тоа Се истава од прозорецот и некое време шета од едните во другите прозорци на одајата, од тие на западниот ѕид, пред кои до пред малку стоеше, до другите на источниот ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во записникот вештото лице наведе дека куќата е 12,50 на 9,30 м., градена од слаб материјал: приземјето од камен, со малтер од кал, а катот од плит; меѓутаванската конструкција, таванската и покривот се дрвени - со костенови и јасикови стебла; на секој метар во висина, ѕидовите на куќата се опшиени со дрвени појаси, покривот е четвороводен со турски керамиди; олуци нема; на горниот кат одаите и претсобјето се послани со под од штици на ”перо” и жлеб; долниот кат на куќата е послан со набиена глина помешана со слама; претсобјето ”конкот”, во долниот кат е циментиран; куќата внатре е малтерисана; вратите, прозорците и скалите се дрвени; куќата има пукнатини (хоризонтални и вертикални); на северниот ѕид однадвор можат да се уоачат пукнатини и тоа на ширина од 1,30, па 2,70 и 3,90 метри, мерено од североисточното ќоше; на источниот ѕид има пукнатина на 3,30 м., мерено од источното ќоше, и на западниот ѕид на широчина од 1,50, потоа 2,40 и 4,00 м., мерено од северозападното ќоше; должина на пукнатините се од 0,30 до 4,00 м., а широчината на пукнатините од 20 до 30 мм.; внатре исто така се забележуваат вертикални и хоризонтални пукнатини во сите простории.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долгнавестата четвороаголна маса, поставена на средината со конференциска намена сега, заради специфичната работа на Дисциплинската комисија, беше повлечена на горниот крај и поставена попреку крај западниот ѕид, под сликите на другарите Тито и Лазо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клечеле на коленици пред тој библиски чин на западниот ѕид во манастирот на осамената машколика игуменија Минадора, се молеле, верувале благословени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Правиме обиколка на манастирот и на западниот ѕид гледаме натпис, на грчки, изделкан во камен – Агија Тријада (Света Троица) и под него дата – 1050.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)