Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко и Камилски си имаа обичај долгите прошетки во источниот и западниот брег на градот, односно лево и десно од реката, поврзувајќи ги со камениот мост изграден уште од султанот Мехмед II, да ги завршат во големата Железничка станица, која беше една од најубавите станици не само во овој дел на Европа туку и пошироко, гледајќи ги меѓународните возови Балкан-експрес и Балкан-ориент, како патуваат преку границите кон исток и запад, север и југ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Идн Парк се наоѓаше на тринаесет милји југозападно од центарот на метрополата, која лежи на западниот брег на пловната река што ги поврзува двете езера.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие се Британци од колонијалното време, а ние сме домородни Индијанци од западниот брег.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Западниот брег на САД навистина нуди плодна почва за неуморните иноватори од сите континенти. u Како тогаш, со оглед на таквото минато, да поминеме подобро од Индијанците што го продале Менхетен?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)