замрзнат (прид.) - снег (имн.)

Ќе легнат врз замрзнатиот снег и со затворени очи и црвенилото под клепките во себе ќе го собираат целото сонце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крцка замрзнатиот снег. Се крши дебелата кора. Отвораат пртина длабока до појас, до рамена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под нивните нозе крцка и се дроби замрзнатиот снег и се потежок станува чекорот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше само еден гол срт, како и сите други голи сртови, некаде зад него беше огрејсонцето, а сето она што беше таму, можеше да биде само сон, ако не беше уште онаа црнка, што сега се спушташе полека надолу по чардакот на замрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тие малку оревчиња и лешничиња што ги имаше украдено од комшиката Буба, пропаднаа во замрзнатиот снег.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Таа ја подигна високо над ушите јаката од шинелот и со рацете длабоко пикнати во џебовите, се сврте, удри со војничкиот чевел на вратата, излезе без збор и зашлапа во замрзнатиот снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почесто почнаа да поминуваат пешаци, можеа да се сретнат и дами, убаво облечени, се појавуваа и мажи со даброви јаки, поретко се сретнуваа прости кочијаши со своите решеткасти санки, украсени со позлатени шајчиња,  наспроти тоа сè почесто се појавуваа кочијаши со пурпурни сомотски шапки, со лакирани санки, со покривки од мечјо крзно, а уште низ улицата пролетуваа, чкрипејќи силно со тркалата по замрзнатиот снег, кочии со накитени кочијашки седишта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)