заматен (прид.) - око (имн.)

И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Го нема. Без помош на мислата неговите заматени очи гледале во Мечкојадовиот шеснаесеттодишен роднина Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дери! Проклетството лежи врз нас, Онисифоре, врз тебе, врз мене, врз сите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)