Беа утврдени активностите кои лице под 15 години ќе може да ги извршува, но само по добиена согласност од законскиот застапник на детето или по претходно извршен увид на инспектор на трудот, а дојде и до одредување на максималниот број на 13 Во случајот на адвокатските приправници лоцираме сериозен проблем т.е. законска противречност на Законот за работни односи како lex generalis кој е дерогиран од страна на Законот за адвокатурата како lex specialis во однос на склучувањето на договорот за вработување, што од правен аспект е спротивно на начелото на правна сигурност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Потоа, задржана е обврската на инспекторот, веднаш по влегувањето, за своето присуство да го извести работовод- ниот орган, односно законскиот застапник или друг овластен работ- ник на работодавецот (чл. 11, ЗИТ/85 и чл. 10, ЗИТ/97), но од 1997 година тоа е условено само во случај наведените лица да се присутни во просториите на работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, односно полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
11. Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претседателот на советот, односно судијата поединец раководи со главната расправа, ги испитува странките, изведува докази, им дава збор на членовите на советот, на странките, на нивните законски застапници и на полномошниците и ги објавува одлуките на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Доставувањето на писмената на адвокати, државни органи, односно органи на државната управа, единици на локална само- управа, правни лица и на лицата на кои им се пренесени јавни овластувања, се врши по електронски пат во електронско сандаче (чл. 125-а, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот – незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така треба да се постапи и кога со поднесокот се поднесуваат прилози.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на спротивната страна има повеќе лица кои имаат заеднички законски застапник или полномошник, за сите тие лица поднесоците и прилозите можат да се предаваат во еден примерок (чл. 99, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога тоа е потребно, заради утврдување на идентитетот на лицето кое ќе се затекне на местото каде доставата треба да се изврши или заради извршување на други дејствија на доставата, доставувачот е овластен да побара помош од полиција (чл. 135, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога странката има законски застапник, односно полномошник, доставувањето се врши до законскиот застапник, односно полномошникот – ако во овој закон не е определено нешто друго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)