Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше добра околност што освен јас, еве, за успешно завшување на работите, е заинтересиран и тој, директорот Пандимир Комаров.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)