Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни.
(Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Колку и да се тешевме со мајчината изрека дека заедничката несреќа е помала несреќа, на портата на нашата куќа тропаше сигурно смртта. Таа овој пат го повикуваше семејството, Козар маало.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)