Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше веројатно дека мојот предмет ќе ги изложи студентите на негеј-дела што во минатото за некои геј- мажи функционирале како средства за прием и пренос на заедничката култура, на заеднички сензибилитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, предмет што прави преглед и испитување на материјалите врз кои геј- мажите (и поединечно и во групи) изградиле заедничка култура или заеднички култури, исто така ќе биде и предмет што ќе ги иницира студентите, и оние стрејт и оние геј, во културната практика на машката хомосексуалност, до оној степен до кој таа практика се состои токму од споделувањето и испитувањето на таквите материјали.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)