Помисли дека копаат ровови или земјанка, ама кога виде легнати млади мажи и жени со бледи лица, подуени и неподвижни - разбра - копаат заеднички гроб.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мртви, вратете му се на својот свет! Но мртвите останале таму кај што ги закопале живите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)