Ема тука секогаш беше на заден план и јас бев немоќен да одам натаму во претпоставките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Полека сфаќав дека обидот да се напише повеста, ќе отиде во заден план.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во состојба сум точно да разграничам, дека од работите што ги правев и што ги правам, бунарот или водоводот, на пример, се за другите, или главно за другите, моите барања тука се во заден план, во секој случај, потпотиснати, додека пишувањето на повеста е само моја работа, и само за мене.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќерката најпосле ги проникнува и ги отфрла мистификациите на родителскиот договор, сфаќајќи дека мајчините отровни изјави на љубов дејствуваат само како стратегии за озаконување на бескрајната емоционална злоупотреба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој миг на победоносна визија и отпор, ќерката ја остварува својата морална независност – иако историскиот одговор на мајка ѝ, увеличен со алкохоличарската дементност на ликот и разгорен од нејзината шумоглава лишеност од секакво чувство за општествена умесност, лесно го потиснува во заден план искрениот и самозадоволен морализам на ќерка си.
Во Милдред Пирс, пак, токму одбивањето на ќерката морално да надмогне во расправијата, нејзиното одбивање на сите семејни вредности, ја прават толку неодоливо привлечна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тина во преден план, Џоан во заден план, на воланот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го одрекува единствениот дух на бидувањето геј.
Оваа навика идентитетот да се става во преден план, а субјективитетот да се става во заден план не се доживувала отсекогаш како стега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тина во преден план, Џоан во заден план, соочени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гледам: куќичка, лозје, во преден план лозница со натежнати гроздови... во заден план жолта корија... најобичен септемвриски пејзаж, од најобичен календар - со дванаесет месеци, за секој месец соодветен пејзаж...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)