заден (прид.) - намера (имн.)

Додека очекуваа да се појави, смислуваа какo сè можат да му угодат: „Ќе му понудиме ова, ќе му речеме она“, велеа, а особено таа, Клотилдина, ќерката, се токмеше, но без некоја задна намера, да му се најде, да му излезе во пресрет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„И што е најважно, нашево движење кон ова кино било чиста случајност, без некоја задна намера“ ме уверуваше Соња Пазарџиева.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)