задгробен (прид.) - живот (имн.)

Натписот содржи молитва кон Озирис, список на положаите и делата на Сенефер, и молба за среќен задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И се потсети на она што имаше чуено за кафезот на фараонот, кого кога го закопувале во гробницата, заедно со сите предмети што ги сакал кога бил жив, му го ставиле и кафезот со птици да му пее и во задгробниот живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Емајлот е стаклеста супстанција која се употребува не само како украс туку пред сѐ како заштита.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Постапката на „емајлирањето“ на Аполинер добива на значење ако се сетиме дека праисторискиот човек го боел телото на мртовецот во уверение дека со тоа ќе му обезбеди задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се плаши човекот од смртта и го измислил задгробниот живот, се плаши од појавите на небото и си направил покрив над главата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тврдеа дека во христијанството трагичното е поништено: оние кои страдаат или се виновни и казнети со страдања, или пак, ако страдаат без вина, тогаш ќе бидат наградени во задгробниот живот и нивно ќе биде царството небеско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тоа е најхуманата, највисоката цел –секој човек да има живот без тегобност.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Идејата за спасението и бесмртноста го порекнува трагичното, уверуваа философите и теолозите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Престанувајќи да очекува што и да е од задгробниот живот и сосредоточувајќи ги сите ослободени сили на овоземниот живот, човекот веројатно ќе постигне животот на сите да им биде поднослив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)