Се чувствуваше како да талка по шума на морското дно, загубен во еден монструозен свет во кој тој самиот е монструмот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, ниеден од тие мајстори и малтерџии не можеа да сторат ништо друго, освен да си ги бегаат своите погледи од тој крвав вресок во неговите очи, кога ќе застанеше крај нив, тој, Големиот Ристан, кој сега веќе не беше тоа, прашувајќи со секое свое движење, да не е, можеби, тука, она неговото место, оној неговиот загубен во неврат дел од облеката, она маѓија, без којашто деновите стануваат едно такво крваво прогонување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еразмо, сосема загубен во сета збрка од случувања, се предаде на безчувствителноста, па реши да седне, спокојно да обмисли што да прави.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Арсо блада, загубен во својата нездрава возбуда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Му се чинеше дека е сосем загубен во тој огромен и недофатлив свет, но одеднаш слушна викања а потоа одвај чујно брмчење на камиони.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)