загубен (прид.) - сон (имн.)

Еден рибар потемнет од животот и од водите ни ја прикажа јагулата како трагач по загубен сон, (а ноќта за него и не беше ништо друго туку истекување на црнилата на денот).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во таа негова полусвест остана уште нешто, за што можеше да се сеќава исто толку мачно, како за некој загубен сон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така тие остануваат трајни приврзаници на долгата змија, на злото, водејќи ја со себе вечната битка со освојување на својата лична среќа, битка преку која убиецот талка по трагата на загубените соништа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)