загаден (прид.) - воздух (имн.)

Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Штом наутро изглегуваме од дома за да појдеме на училиште или на работа, нè пречекува магловито утро, тежок, загаден воздух и - еве ја првата причина што лошо влијае на нашето расположение.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Загаден воздух - главен виновник за порастот на заболувањата на дишните патишта!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сонцето изгреа, бледо низ тенката наоблаченост на небото, загревајќи го устоениот и загаден воздух.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ние веруваме дека маларијата се добива од вдишување на загаден воздух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)