Уште не беше стивнал стравот од завршената војна, жртвите, логорите, депортациите, а веќе стануваше нова реалност стравот од војната против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На крајот од својот извештај американскиот разузнавач со право ќе заклучи дека „овие говори, изјави и протести се добар показател за интензитетот со кој народот на Југославија и Грција се однесува спрема македонското прашање, дури и сега пред да биде завршена војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)