жилав (прид.) - и (сврз.)

Иако за глава покус од Миќо, јас бев спечен и жилав и знаев многу вешто да се служам со борењето со сопки, та Миќо за час се најде испружен на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оној е Украинец. Има козачки мустаќи – русокосиот, жилав и нервозен тип беше слика на правнукот на Тарас Буљба во сив, старомоден костум.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Варшава, држејќи картон со моето испишано презиме, ме дочекаа девојка и младич, асистент од славистичкиот оддел при Полската академија на науките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)