И секоја животна ситуација ја мериш со аршинот на нивните мудрости: „Кој има слободно време, тој мисли. А кој мисли - работи против државата!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Отткако живите членови на бендот се соочиле со податоците од филмот останале разочарани затоа што, додека бил жив Ијан, не се потрудиле сериозно да ја сфатат неговата животна ситуација, да го разберат неговиот апел за помош и да му помогнат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Па така, немаме животна ситуација за која во вид на поговорка не ќе најдеме и соодветна народна поука.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)