жив (прид.) - човек (имн.)

Зраци од сонце се пробиваа низ честарот.* Одеднаш посака да се испразни; токму таа ноќ претерано се беше напил крв; очевидно, делови од крвта понекогаш се издвојуваа низ лешинскиот полуизмет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Клекна крај една голема оморика, под грмушки, токму како жив човек; се смири.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како среде најлута зима да ми изгорела куќата и еве сум останал на улица, без жив човек на повидок, со недвосмислени изгледи во најскоро време да смрзнам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од него се исправи и скокна жив човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој се насмеа, се поздрави со сите и со леки чекори се накачи кон подножјето на планината Пелистер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Маргина 35 17 Станува збор за прастари анимистички убедувања дека мртовецот станал непријател на живиот човек и дека има намера да го поведе со себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму тука беше најубава тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп Не малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Посветена на боговите - дрзна да заљуби жив човек. Херо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тврдината од хартија, пред која беше исправен, по толку балкански и светски војни, по толку палежи, го доживуваше, по многу векови, првиот контакт со жив човек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој еден Мичо од Комитетот, еба си му името такво, тогаш беше еден од кандидатите, ама жив човек глас во неговата кутија не сакаше да фрли. Го мразеа луѓето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И зашто никој од нив не знаеше да посочи кај можел свети Јован Крстител да го одведе Бошета - Сигурно не на небо, зашто, што бара таму жив човек? - сите тие, кревајќи ја раката, велеа Натаму, од кај што нѐ угрева сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си мислам - жив човек е, гревота е да го убијам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакав да го прашам од каде таков обичај низ вековите семинаристите и препишувачите првата буква од текстот да ја рисаат како жив човек, како девојка или сподобие на кое полот не може да му се одреди, како полу-жена а полу-животно, и каква нужда има од таквото украсување на текстот – соблазнување на почетокот, искушение да се чита понатаму, да се напредува во мрежата на пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некаде помеѓу белката и жолчката на космичкото јајце, пулсираше живиот човек, со огромен потенцијал од битија, во зачнување, но никој не беше моќен да досегне до лушпата, уште помалку, надвор од маргините на космичкото јајце, надвор од моќната обвивка на Земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Освен тоа, тој горд аскет е единствениот жив човек во градов кој размислува во систем, наполно свесен за своите претходници и наследници, и ја вложуваа сета своја интелектуална енергија да го образложи terminus medius меѓу метафизиката и животот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жив човек си,треба нешто да преткаш. А работа не носиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, што е де... сум прднала, ете што! Не знам, може и да ми се пуштило, жив човек си, а и мевот кренат до гуша ми е. Може да ми се украло, некако, јас не чув, ама Јон чул за да ме изеде срамот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разговарале и се смееле, никој од нив не претпоставувал дека во пустелијата ќе сретнат жив човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По патот по кој дошле се враќале кон Кукулино три запреги со двајца мртовци и еден жив човек; Васко Тушев никогаш не чекорел толку подгрбавен: бил, ако се врати во Кукулино - децата ќе му се израдуваат, ако го пречекаат грмежи на арамиски кубури - не ќе биде, веќе е избришан од дружината, и не ќе го спомене никој ни во пцост ни во молитва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оделе без ред, тромаво, како луѓе доброволно здружени од свои сметки што ни биле војници ни ја сфаќале војничката ука на движење во еден или два реда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас војник не сум бил. Некако ми е жал да кренам рака на жив човек.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие се исплашиле, како и секој жив човек, ама се срамат еден пред друг, не се предаваат. Носат по три сабји и по три ножа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто: ни месечина, ни куќа, ни жив човек. Само оддалеку волци вијат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од никаде не се појавуваше жив човек, жива здивка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа викаше: има ли жив човек, а ѝ се враќаше само последниот збор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите зборови ѝ остануваа заробени некаде меѓу слепите ѕидови на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и здивот ѝ застануваше, ѝ се заврзуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веруваше дека некој автобус ќе помине и ќе ја земе, ќе ја изведе оттаму.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се истрани на една ширинка меѓу куќите и почна силно да вика: Еј, има ли жив човек?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа се доби таква бркотница од бројки што немаше жив човек да се снајде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Прашуваш ли за Август Рицман? Беше небричен костур маскиран во жив човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И веќе на земјата не останал жив човек. Никој, ни дете ни коте.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Извади го ножот од појас“, викаше, потоа го пушти револверот( не се пука само така во жив човек) и со грч во прстите се обеси за брадата што пред тоа му се пикаше в уста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Изгледаше како во неа жив човек да не влегуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нека е жив човекот, та даровите — поарни здравје. He слушај а ти невестата Митра!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ма милина! Да ти е мерак што си жив човек тука заедно со нив наместо да си некоја биста во алејата на заслужните граѓани.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Никој не можеше да ме види, а никој од војниците не можеше да поверува дека жив човек се движи крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше болно, многу болно офкање и лелекање на човек, на жив човек...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако денот беше сончев, Едо не виде ни жив човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо, додека чекаше пред телефонската говорница, забележа дека е ова некое пусто место каде што жив човек во ова време не наидува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Го мачеше, а јас тоа не можев да го гледам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега ќе ме убиеш ли, ќе жртвуваш ли жив човек за мртовец?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жив човек освен вас двајцата да ми дојде не сакам. Заради вас.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нивните погледи избезумено бараа жив човек.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Никаде жив човек...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти, и за едното и за другото, ти треба жив човек до тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на мртвите им треба жив човек, што се вели. 2.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се договараа, како и што –тоа чиниш жив човек не го нзаеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ЕВТО: Не мешај ме мене? Немам ништо со востаниците! МИХАЈЛО: Ова е жив човек.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Немаше жив човек на улица, ни ветар, ни звук.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Многу дечиња, особено девојченцата од нејзиното одделение, ѝ завидуваа на заштитникот Мурџо, особено што со него можела да зборува како со жив човек.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не подалеку.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми бранат да одам со другарки во паркот, но ме предупредиле, тоа секогаш да биде претпладне, ако е можно да не одиме сами девојчиња, туку да бидеме во друштво со некој од другарите и, се разбира, да не влегуваме во третиот дел од паркот, каде што нема жив човек, туку да се движиме околу тениските игралишта и Луна паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)