Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Прекина, запали цигара, испушти сивкаст чад низ нос и продолжи: - Значи живи цели кои можат да бидат откриени, цели кои можат да бидат покриени, значи лажно скриени, подвижни или одеднаш ќе се појават.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Токму затоа и Ве распрашував, преѓеска, дали сте стрелале во жива цел.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
2. Автоматот служи за уништување на групни живи цели кои брзо се појавуваат и исчезнуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ФЕЗЛИЕВ: А сте стрелале ли во жива цел?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)