жив (прид.) - цар (имн.)

При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За сите сега царот ќе бара сметка од тебе. – Нека е жив царот – процеди преку заби поп Јаков. – Ке му дадам јас сметка за сите негови, ама ќе барам сметка за сите неправди што ги направи и што ги прави прилепскиот кадија на рајата. – Ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го приготви ферманот за мариовскиот хас, писмото за кадијата и по пет дена тргнаа, та ги одведе своите Мариовци по оној ист пат по кој лани беа отерани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, бег, ете бидна една детинцка, аџамичка работа, токо деца како деца, нека е жив царот, риџа идерум, прошчавајте, ви го расипаа раетот една ноќ, да му се невиди, што можиме ние старите да му правиме?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)