жив (прид.) - суштество (имн.)

Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Следното поле за коешто фракталите овозможуваат погоден опис е полето на живите суштества, со оградување дека фракталниот опис престанува да важи во многу мали и многу големи размери.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така настануваат живи суштества што ги нема во природата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На пример, ние воспоставивме исклучиво електромагнетски интерсубјектни комуникации, така што овие “живи суштества” меѓусебно комуницираат okno.mk | Margina #26-28 [1995] 92 со помош на електромагнетски кодови, значи како радио-емитувач и радио-приемник.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, тука сѐ уште не сме постигнале многу... Би било логично новите суштества да имаат сосема нови особини...  Овие, под наводници “живи суштества” имаат сосема други особини од биомасата позната на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа ги милуваше предметите со рака како да се живи суштества.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Им зборуваше на своите преместени книги, како на живи суштества.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги чувствуваше како да беа сите живи суштества, дел од семејството. Ја надополнуваа семјната тишина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе откриеше некоја книга или некој ракопис, во својата библиотека, кои ги сметаше заборавени засекогаш, Татко почнуваше да им зборува на своите книги, како да беа живи суштества.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
-И што би можел да ѝ приговориш на мајка ти ако ѝ се посакало да се стори уште со некое живо суштество покрај себеси во својот сиромашен живот и притоа одлучила да не се врзува со никого при остворувањето на оваа намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Реките, вировите и езерата беа ишмукани од сушата и сите живи суштества што беа во нив се виткаа и се превиваа од болка во агонична жед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но животното, кое би се открило како наследник на Домаќин, не беше меѓу овие живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези, со што суштински се разликуваат од неживата природа – твико продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е крајната цел на сите живи суштества – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа ние, Божјите почитувачи, љубителите на мирот животот, забавата, мажи и жени, апелираме на Врховниот Суд на Универзумот, за уважување на нашите намери, за, во името на Власта на сите живи суштества кои сакаат да се развиваат на оваа планета, свечено да објави дека ние сме слободни и независни, ослободени од секаква Верност кон Владата на САД и кон сите влади контролирани од менопаузните, и дека имаме право да се групираме во групи на истомисленици, имаме полно право да живееме и да се движиме на земјата, да обезбедуваме храна со сопствени раце и умови на начин што ни се чини неприкосновен и свет за нас, и да ги правиме сите Акции и Работи што независен Слободен маж и Слободна жена можат да ги прават без да ги загрозуваат истите права на другите видови и групи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 64
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири РАЗГОВОР СО ВИЛИЈАМ ГИБСОН ТЛ: Кога би можел да го ставиш Неуроромансер во една реченица, како би го опишал? ВГ: Она што за мене е најважно е дека во него станува збор за сегашноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Глас, потоа живо суштество. Од шамакот излезе парталосано старче, по раст покусо од мене еден палец.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Книгата, големата таткова книга, со сите книги во неа ми се виде како живо суштество кое сакаше да ми биде, како што некогаш замислувал Татко, штит пред смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се однесуваше како кон живи суштества.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случувало, докажано е, и водите умираат. Зашто и тие се живи суштества.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тука беа збрани претставниците на сите прастари живи суштества, собрани во домот на само еден човек, дојден од големите руски далнини...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко му се воодушевуваше на овој човек кој во времето на војна и неизвесност, по големиот пат, толку силно им се предаде на овие живи суштества на Езерото коишто другите и не ги есапеа за живи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше видел и една од неговите изложби на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во реките, езерата и морињата, каде што уште пред човекот живееле и живеат до денешни дни илјадници познати и непознати живи суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И натаму на дофат му останаа книгите за миграциите на луѓето и другите живи суштества, посебно јагулите, кои продолжија да ја залажуваат неговата надеж за заминување, надежта да ги следи на нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, мили мои пријатели, овој исклучителен континуитет на егзистенцијата, на Езерото му овозможи да стане вистинска жива Атлантида, прибежиште и ветена земја на скапоцени живи суштества на старата терцијална фауна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно дека храбриот биолог се доближуваше до другата слаба точка на Проектот: слевањето нова река во Езерото, чии последици, според категоричното тврдење на Цветан Горски, можеа да доведат, првин, до разнебитување на идентитетот и интегритетот на живите суштества во Езерото, а во еден подолг период и до самото негово исчезнување, колку и да беше тоа длабоко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А и натаму го опседнуваа миграциите на сите живи суштества на планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Притоа, како живи суштества ги гледаш и неговите зборови што се необично грди, заканувачки а наспроти нив ги гледаш и моите зборови уплашени и немоќни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А оттаму, од излогот, ми мавташе со раката една воздушеста убавица, чиј што нежен превез многу придонесуваше да се причинува дека не личи на живо суштество.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие ѝ се предаваат на немоќта и тоа на чекор-два од обилниот оброк и од свежината на водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Размислував: живите суштества ги сотира гладта и жедта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас сакам да ги помешам основните квалитети на овие шест односи за да ги наранам сите живи суштества. Како да го постигнам тоа?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дедо ми вели: билките се живи суштества. Сакаат убав збор!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби ако одело по обратен ред и не ќе требало да ги жртвуваш добивките, кои се живи суштества, инаку сето тоа личи на огромна себичност и неодговорност .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чувствуваше дека во близина има некое живо суштество.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во неговата осаменост се населија две живи суштества што го потсетија на неговата младост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)