жив (прид.) - слика (имн.)

На платното во големата хала со поставен вагон, почнуваат да се нижат живи слики од рација спроведена во некој од европските градови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во главата дури имаш жива слика како 'рбетните пршлени ти пукаат и како 'рбетната течност истечува од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, самиот лавиринт можеше да се смета за жива слика на балканските граници од кои постојано настојуваше да го најде излезот, најчесто барајќи го во своите книги!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку е сега далечна, а сепак жива сликата на венчавката во Антверп.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)