жив (прид.) - пријател (имн.)

Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека е добра мисла и нека се живи пријатели. Грешено погодено, ќе ни прошчаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Не бери гајле, жено. Никој не те коли, ни те печи, дури се живи пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море кој ни дава нам чупе, сиромаси луѓе сме ние, попче, токо ете, вака, нека се живи пријатели, село и селани, и свадба ќе направиме, и госје ќе тераме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)