жив (прид.) - остаток (имн.)

Тој е единствениот жив остаток од Леон.  Самуел Ароести го разбуди силно тропање по вратите. Веднаш знаеше што е.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ајкулите спокојно си се гостат со живи остатоци од неостварените мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не постои ништо што не е збор. Дури ни вечноста, дури ни минливоста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)