жив (прид.) - организам (имн.)

Татковата библиотека во еден момент на Климент Камилски му се стори како жив организам, како живо тело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Машината, досега послушна слугинка на голото искористување, станува конструктивен елемент на новиот жив организам”, запишал архитектот Erich Mendelsohn во својот, 1923-та година објавен текст Динамика и функција, а при тоа мислел на влијанието на машините врз новиот динамички концепт на просторот во новата архитектура. (Парната машина и подморницата беа, да речеме, мобилни примери за неговиот познат проект за опсерваториумот Einstein-ов столб.) Дваесеттите години на овој век беа период на моќното влијание на „машинскиот сензибилитет” и механичкото искуство врз уметноста; тука не е само Marinetti-евиот футуристички манифест, туку и уметничките истражувања и дострели од различни претставници на историската авангарда; од Man Ray, дадаистичките мобилии и модели на Владимир Татлин до кинетичките дела на Naum Gabo и светлосните скулптури на Laszlo - Moholy Nagy.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Талес знаел што зборува: водите се живи организми, тивки освојувачи кои го ронат брегот, и ја завземаат површината која сметаат дека е нивна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На првите им одговара конформистичка парадигма (максимум задоволство а минимум вложена разумска сила), на вторите – реформистичка, макар што и кај нив преовладува мислењето дека уметничкото дело е жив организам кој е во спрега со публиката пренесувајќи ѝ ја пораката што самата сака да ја чуе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури со појавата на картузијанизмот престанало посматрањето на природата како жив организам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег.  Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, Игор Лозински, беше, како биолог и медицинар, картезијански внесен во проуџбите на живите организми во Езерото и реката, па Татко стравуваше да му ги изнесе до крај своите сознајби, за тој да не го есапи за занесен лаик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)